
НАЈБАРАНА!

ВО ПРОДАЖБА!





GRAND RE-OPENING, GRAND SMILES, GRAND FRIENDS! CITY MALL SKOPJE 08.02.2020
Просветно дело веќе 8 години e дел од Скопје сити мол и можеме слободно да кажеме дека е една од поуспешните продавници во трговскиот центар. Радост сме за децата, но и за нивните родители − секојдневно ги слушаме тие зборови и тие реченици. И тоа нè мотивираше да отвориме поголема и поексклузивна книжарница на едно светско ниво, или како што другите велат: тоа и ви прилега вам. Велат дека во животот никогаш не можеш да бидеш 100% подготвен и никогаш нема да дојде вистинското време да се стремите кон нешто ново, но тоа е и поентата: тоа значи дека секој момент од животот претставува и вистински момент, а ако нешто навистина сакате, ќе имате храброст и да го направите тоа. Нашата цел не е да бидеме подобри од другите, туку да бидеме најдобрата верзија од себе, да бидеме свои, а тоа нè прави да се разликуваме од другите и нè прави посебни. Оваа година Просветно дело слави 75 години успешна работа И секако, нашето долгогодишно искуство го реализираме и преку еден нов тип книжарница со посебен привлечен стил. Просветно дело има голема историја, преубава сегашност а секако стремиме кон прекрасна иднина.
Голема благодарност за незаборавната прекрасна вечер❤️

