Општи услови и политика за заштита на лични податоци

 

Со самиот пристап на интернет страницата на Просветно дело и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Просветно дело ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

 

  1. I.             ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој купувач при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се:  Име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Сите вработени во нашата компанија се обврзуваат да ги чуваат личните податоци и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивна обработка.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2. За кои цели Просветно дело ги користи податоците

3. Безбедност на податоците

3.1 Политика за заштита на доверливите податоци и информации

4. Пристап и промена на Вашите податоци

5. Социјални мрежи

6. Приватност на трети страни

7. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)

8. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

9. Промена на политиката за приватност

1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме реализација на самата нарачка како и да ви обезбедиме производи и услуги за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ - Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови.

2. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Просветно дело ја има со вас.

(а) Промотивни е-маил пораки (Newsletter)

При самата регистрација вие станувате дел од базата на Компанијата со цел првовремено да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката.

б) Грижа на корисници

Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња.   Интеракцијата помеѓу Просветно дело и Вашиот профил на социјалната мрежа се реализира исклучиво доколку самите изразите желба да стапите во контакт со нас преку Месинџер чет достапен на нашата веб страница. Просветно дело се обврзува да ви одговори на сите ваши прашања и нејаснотии, но нема да ги користи за промотивни или други какви било цели освен за обезбедување на потребната помош и информација со цел грижа на своите корисници.

Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:

  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување; 
  • да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи
  • да ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности

3. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

3.1 ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Просветно дело ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Просветно дело за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

4. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Лични податоци”. 

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на lazar.ivanov@prodelo.com.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страницата поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи. 

Просветно дело ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Просветно дело не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

5. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Со поврзувањето на Просветно дело преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.

6. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица. 

7. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

Просветно дело не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Со користењето на веб-страницата на Просветно дело изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години. 

                                                                                                                                                                                                                                                                             Нелични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди. 

8. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Саше Ангеловски на следниов e-mail: saso.angelovski@prodelo.com.mk.              

Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права:

Политика за заштита на лични податоци -
Образец 1: Образец за согласност на личните податоци 
Образец 2: Образец за повлекување на согласност нна субјектот на податоците. 

9. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.

 

  1. II.            ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Кога прв пат ќе пристапите на веб-страницата на Просветно дело може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “прифати”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се следи функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Просветно дело ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.

Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.

Како да го контроилираме користењето на колачиња?

Кога прв пат ќе ја пристапите на страната на Просветно дело може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

III.          ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци:

Саше Анѓелевски

saso.angelovski@prodelo.com.mk

мобилен тел:078 326 583

IV.       ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Со релизација на нарачката и вршење на уплатата на саканиот производ, се смета дека е склучен договор помеѓу Просветно Дело и потрошувачот.

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку ЕКО ЛОГИСТИК на адресата која е наведена во нарачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка како и нарачка со плаќање на врата.

За нарачка до 700 денари трошоците за достава се на товар на купувачот и изнесуваат 100 денари плус 18% ДДВ, а за нарачки над 700 денари доставата е на товар на Просветно дело.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

V.        ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

Просветно дело ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Просветно дело врши замена на производите само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, Просветно дело ќе ги врати средствата преку банката на сметката на корисникот на картичката.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае до 15 работни дена.

Во случај на поврат на производ купувачот приложува фактура и испратница за купениот производ и истиот може да го замените со друг производ.

Производот може да се врати/замени во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување и/или со етикета. Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате од нашите продавачи на свој трошок.

Потрошувачот има право во рок од 14 дена од прием на производот да се повлече од договорот и да бара поврат на средства или замена на производ. Тоа право може да го оствари само доколку во наведениот рок достави писмена недвосмислена изјава за својата одлука да се повлече од договорот и само доколку го врати производот на Просветно дело во онаква состојба во каква го примил, односно неоштетен, неупотребуван и спакуван во неговото оригинално пакување и/или со етикета, заедно со примерок од фактурата, фискалната сметка или друга потврда за нарачката и платените средства. Просветно дело има право да не ги врати паричните средства на потрошувачот доколку утврди дека производот не е во онаква состојба во каква бил испорачан до потрошувачот. Трошоците за враќање на производите се на сметка на потрошувачот, освен во случаи кога потрошувачот ќе добие неисправен или погрешен производ.

Замените се прават исклучиво онлајн. Праксата на замена на производите продолжува, истите се заменуваат единствено онлајн и не е можна физичка замена во нашите книжарници.

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на броевите: 076-421-711 или 075-464-245, или пак да ни испратите имејл со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата lazar.ivanov@prodelo.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте нѐ на 076 279 667 или испратете имејл со свои податоци (име, презиме и телефон) на pravnik@prodelo.com.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на вашето барање.

VI.       ДОБИВАЊЕ РЕКЛАМНА, МАРКЕТИНШКА И ПРОПАГАНДНА СОДРЖИНА

Со регистрирање на нашата веб страница и со пополнување на бараните податоци за регистрација на корисник, Вие се согласувате да добивате рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина на е-маил адресата која што ќе ја наведете во задолжителното поле при регистрацијата. Доколку во иднина не сакате да добивате е-маил со таква содржина, може во секое време да ја повлечете оваа согласност со притискање на текстот/линкот „unsubscribe” кој што се наоѓа под текстот на примениот е-маил.

                

 

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места