Задачите во збирката се изработени според целите во наставната програма, распоредени се по недели и групирани се во согласност со индикаторите за оценување (помнење и разбирање, примена на помнење и разбирање). Задачите плус се соодветни за учениците кои се позаинтересирани за решавање на практични примери од математиката. На крајот од темите има по еден работен лист со групирани задачи од три вида („заокружи“, „дополни“ и „реши“) со што значително се олеснува изготвувањето тестови за писмено проверување на учениците. Оваа збирка нека биде основа за продолжување со нови идеи во математиката! Задачите за сите теми се изготвени по редослед со што се олеснува работата на наставниците, а за секоја недела се дадени содржини со што се овозможува поефикасно користење на збирката од страна на учениците. Концепцијата по која е работена збирката е оригинална и издржана. Задачите се селектирани на транспарентен начин, јасно и недвосмислено. Во оваа збирка секој може да се пронајде: ученици, наставници, родители и љубители на математиката.