Го откриваме светот со Елена и Емил 1 е наменета за деца од предучилишна возраст, на 4-5 години. Темите што се застапени произлегуваат од секојдневниот живот на децата и затоа се лесни за разбирање. Запознавајќи се со Елена и Емил, децата се запознаваат со градинката, другарството, омилените сказни, семејството, правилата на однесување, правилната исхрана, деновите и месеците во годината, годишните времиња, живата природа, животните и растенијата и со нашата земја.