Оваа книга е покана да се направи прошетка низ возбудливата авантура на човекот што почнала оној ден кога усниот говор бил изразен преку писмото. Од примитивните глинени плочи на кои биле изгравирани првите записи до сегашните дигитални средства, пишувањето и читањето биле основни средства на цивилизацијата. И покрај обемноста и сложеноста на темата, овој атлас претставува еден едноставен прирачник кој ќе им помогне на учениците во решавањето на нивните задачи и ќе разбуди во многу од нив жалба да ги продлабочат своите знаења и да се запознаат со класичните дела на литературата.