Целта на ова дело е да му даде на читателот, на ученикот и на оној кој врши повремени консултации, целосна и привлечна панорама на деловите кои ја сочинуваат Земјата. Бројните илустрации, со голема јасност и прецизност, се придружени со кратки белешки за потеклото, развојот и трансформациите што ги претрпела нашата планета. Воведот во врска со општите аспекти на помошните науки кои придонесуваат кон запознавањето со неа и детаљниот индекс на поими, ја зголемуваат практичната и дидактичката вредност на ова извонредно издание.