Задачите од оваа збирка ги поттикнуваат љубопитноста, моќта на расудување и логичкото размислување кај децата, а при нивното решавање со открива усетот за математика.
Книгата е наменета за оние деца кои во почетните одделенија можат повеќе и побрзо да напредуваат.
Задачите ги следат наставните програми по математика за почетните одделенија.
Помошта од родителите и од наставниците е добредојдена при читањето на некои од поопширните текстуални задачи, кај задачите кои им се потешки на децата итн.