Смело чекори
по патот на успехот,
запознај го светот на математиката,
играј со формите и броевите и
развивај ја својата креативност
која нема граници.
ПРВАЧЕ 1 математика
Драги родители и наставници,
Пред вас е првото издание на ПРВАЧЕ 1. Ве молиме да им го прочитате нашето обраќање на вашите вредни првачиња. Се надеваме дека оваа книга ќе им помогне со радост и со успех да зачекорат во светот на математиката.
Драго прваче,
Пред тебе е голем предизвик. Со ПРВАЧЕ 1 ќе ги запознаеш 2 Д и 3Д формите,
ќе научиш правилно да ги читаш и пишуваш броевите до 20. Ќе умееш да броиш и да ги споредуваш броевите.
Ние ти подготвивме многу интересни активности кои лесно ќе ги реализираш и успешно ќе ги совладаш сите содржини. Пред секоја активност има знаци кои треба да ги запознаеш, а тие ќе ти помогнат и ќе те водат низ активностите. Математиката е многу лесна и интересна. Таа е насекаде околу тебе. Дружи се со неа, запознај ја подобро. Таа ќе ти биде вистински другар и ќе ти помогне во секојдневието.
Ти посакуваме убаво дружење и лесно учење.