Оваа Збирка задачи со вежби и активности по предметот „Математика“ за трето
одделение е изработена според новата наставна програма донесена од Бирото за развој
на образование на Република Северна Македонија.
Збирката претставува современо дидактичко помагало кое целосно го следи концептот на
учебникот. Содржините претставени во збирката ќе им помогнат на учениците во
надополнување и утврдување на стекнатите знаења, а воедно ќе ги поттикнат активно да
се вклучат во наставниот процес.