Обработка на лектирни дела -
Изданијата„СЕ ЗАБАВУВАМЕ И ЧИТАМЕ, ОБРАБОТКА НА ЛЕКТИРНИ ДЕЛА”, се изработени согласно наставната програма по Македонски јазик од 2 - 9 одделение во деветгодишно основно образование, во подрачјето за обработка на лектирни дела.
Како дополнителни прирачници, во голема мера ќе придонесат и помогнат на учениците, наставниците и родителите за успешна реализација на наставната програма по македонски јазик, при обработка на лектирните дела, ќе дадат поддршка и помош на наставнците при креирање на наставата, а ќе поттикнат желбата за читање на книги кај учениците.
Изданијата „СЕ ЗАБАВУВАМЕ И ЧИТАМЕ“ се работни тетратки во кои се опфатени сите лектирни дела (задолжителни и изборни), како и прилози со дидактички материјали за работа при обработка на лектирните дела. Обемот и тежината на активностите и барањата, проредот и големината на буквите се во согласност со психофизичките способности на возрасната група за која се наменети. Дидактичкиот материјал кој е како прилог во секоја од книгите е наменет за групен начин на обработка на лектирните дела што кај учениците дава чувство на игра и забава, истовремено развиваајќи ги комуникациските вештини, критичкото размислување и самодовербата.