Грижата за детето е подеднакво волшебна, прекрасна, забавна и заморна работа, но треба да се изведува на правилен начин затоа што од неа зависи здравјето на детето.
Докажано е дека децата кои добиваат соодветно внимание се среќни, растат здраво, се развиваат во хармонија и подобро се вклучуваат во општеството.
Сите аспекти на грижата за децата водат кон нивна благосостојба, почнувајќи од храната, превенција од болести, хигиена, навиките за спиење, психомоторниот развој, физичките вежби, масажите, активностите игрите итн.
Во оваа книга сето тоа е опишано последователно, месец по песец, а вклучува и табели со објаснувања и специјализирани совети за следење на развојот на детето чекор по чекор.