Како родители, кога нашите деца се болни, честопати се преиспитуваме за начинот на којшто би требало да ги лекуваме. Остануваме збунети меѓу нашата длабоко всадена приврзаност исклучиво кон медицинските и вештачки средства, од една страна, и желбата да се пробаат поприродни лековити рецепти, од друга страна.
Доктор Адарш Џаин била запознаена со двете дисциплини. Врз основа на нејзиното искуство, изгледа дека пронашла рамнотежа помеѓу двата начина на лекување.
Ја напишала оваа книга со цел да ги запознае родителите, при соочувањето со детските заболувања, со едоставни лекови направени дома, истовремено предупредувајќи ги да побараат медицински совет кога е потребно тоа. Во суштина, книгата претставува прирачник којшто вклучува природни лекови, во поголем дел подготвени од лесно достапни состојки што се чуваат во домот.
Книгата е наменета само како прирачник за давање информации.