КОГА ЉУБОВТА И ЉУБОМОРАТА ЌЕ СЕ СУДРАТ НА ПАДИНИТЕ, ЗИМУВАЊЕТО СТАНУВА СМРТОНОСНО...
Лиса Драгомир е мороиска принцеза: смртен вампир со исклучителна дарба да ја скроти магијата на Земјата. Таа мора да биде постојано заштитена од стригоите; безмилосни вампири кои никогаш не умираат. Роуз Хатавеј, најдобрата пријателка на Лиса, е моќна вампирка заради мешавината од човечка и вампирска крв која тече низ нејзините вени. Таа е посветена на животот исполнет со опасности во кој треба да ја заштити Лиса од стригоите, кои се цврсто решени да ја претворат Лиса во една од нив.
Роуз има сериозен проблем со момчиња. Таа е заљубена во Димитри, кој пак, се загледува во друга жена, нејзиниот пријател Мејсон е длабоко зарескан во неа. Роуз не може да излезе од менталната врска со нејзината најдобра пријателка Лиса, дури и кога Лиса е со нејзиниот дечко Кристијан.
Но, стригоите напаѓаат едно кралско семејство кое живее во близина, така што, во академијата Св. Владимир се крева паника. Академијата одлучува да ги одведе учениците на зимување во Ајдахо за да ги заштити од можната опасност. Сепак, раскошната зимска идила и луксузниот скијачки центар, само ја прикриваат привидната безбедност која се провлекува. Кога тројца ученици бегаат за да им возвратат на убиствените стигои, Роуз мора да се здружи со Кристијан за да ги спасат нивните пријатели. Само, овој пат Роуз - и нејзиното срце - се во уште поголема опасност...
Љубовта и верноста се посилни од крвта
„Неспоредлива и хипнотизирачка... Оваа серија романи ќе ги привлекува читателите долго време“ - VOYA