Нешто смртоносно демне под брановите на Винтер Харбор, и ова лето никој не е безбеден.
Венеса и Џастин Сендс секое лето го минуваат во Винтер Харбор дружејќи се со браќата Кармичел. Ова лето, Венеса е одлучна да ја канализира храброста на нејзината постара сестра, да го преброди нејзиниот страв од океанот, а пријателството што го има со Сајмон Кармичел да прерасне во нешто поголемо.
Но, кога Џастин скока од карпа, по една голема семејна расправија, следниот ден океанот го исфрла нејзиното мртво тело на брегот. Венеса е сигурна дека смртта на сестра ѝ не е несреќен случај. Таа станува уште посигурна кога дознава дека сестра ѝ чувала големи тајни и кога Кејлеб Кармичел исчезнува. Набргу целиот град го зафаќа серија ужасни несреќи - мртви мажи исфрлени на брегот насмеани од уши до уши.
Венеса и Сајмон се здружуваат за да сфатат како овие морничави несреќи се поврзани со Џастин и Кејлеб. Но, дали тоа што Венеса ќе го открие ќе значи крај на нејзината летна романса, или можеби на животот каков што дотогаш го познавала?