Животот на Нора Греј сѐ уште не е совршен. Иако соочувањето со смртта беше ужасно искуство за неа, таа сепак доби ангел - чувар. Еден мистериозен привлечен и прекрасен ангел - чувар. Но и покрај неговата улога во нејзиниот живот, Печ не се однесува како ангел. Тој уште повеќе се прави недопирлив и почнува да се дружи со најголемиот непријател на Нора, Марси Милар. Нора никогаш немаше да го забележи Скот Парнел, еден стар пријател, кој штотуку се пресели во градот, ако Печ не беше толку оддалечен. И покрај бесното однесување на Скот, Нора сепак е привлечена од него - и покрај нејзиното претчувство дека тој нешто крие. Згора на тоа, Нора ја прогонуваат слики од нејзиниот убиен татко, и почнува да се сомнева дека нејзината нефилска крв има некаква врска со неговата смрт. Очајна да дознае, таа се вовлекува во серија опасни ситуации. Но можеби вистината треба да биде длабоко закопана бидејќи тоа што ќе го дознае може да уништи сѐ - и секој - во што и да верувала таа.
Продолжение на бестселерот „МОЛЧИ, МОЛЧИ“ на ЊУЈОРК ТАЈМС