Лорел открива дека таа е самовила, пратена во светот на луѓето за да го заштити влезот, односно портата кон Авалон. Втурната среде столетната војна меѓу самовилите и троловите, таа е растргната помеѓу човечката и самовилската љубов, како и кон лојалноста на еден од овие два света. Во ова исклучителна приказна за магијата и за интригата, за романсата и за опасноста, сето она што мислевте дека сте го знаеле за самовилите ќе се промени засекогаш.
КРИЛЈА на Априлин Пајк е извонредно дебитантско дело. Магична приказна за опасноста и за љубовта. Ова поинакво толкување на самовилската приказна ќе ги освои читателите со својата уверливост и фантазија.