Прирачникот „ИГРАВ ЈАС, СЕГА ИГРАЈ ТИ“ нуди можност за оргинален пристап кон играта како техника и ќе ја исполни целта ако се користи како учебник за студентите на Педагошките факултети и како прирачник за воспитувачите во детските градинки, но и за самите родители во домашни услови.
На еден вешт начин авторите укажуваат на фактот дека со играта, како најзначајна детска активност, детето ги учи облиците на комуникација, стекнува самодоверба, создава позитивна слика за себе, ги учи облиците на социјално однесување, создава пријателство, ја јакне емпатијата, ги уредува односите, почитува договорени правила и ограничувања. - проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева
Во време на компјутерска технологија, телевизија, интернет, видео игри, социјални мрежи, се прашуваме: каде играат децата?
Играат во градинка, играат понекогаш, но ретко во маалото, на улицата. Но дали знаат да играат? Кои и какви игри знаат да играат нашите деца? Дали ние како возрасни ги поучуваме и ги запознаваме со она што е наша вековна традиција со играњето, со игрите? Од каде да добиеме сознанија за играта?
Токму книгата „ИГРАВ ЈАС, СЕГА ИГРАЈ ТИ“ каталог на дидактички игри - е идеален прирачник кој ќе придонесе за збогатување на сознанијата за
дидактичката вредност на играта, но истовремено е и добра можност за познавање, потсетување на она што се играло, се игра и ќе се игра, ќе го поттикне детското во нас. - проф. д-р Снежана Јованова - Митковска