Станува збор за две сликовници кои концепциски се исти, но елементите, боите и содржините се осмислени така што едната е наменета за девојчиња, а другата, за момчиња.
Овие сликовници се со голем формат што им овозможува на децата сами да си ги креираат страниците според зададената тема. Бидејќи замислата на авторот била што повеќе да извлече од детето, опфатени се различни теми, форми, бои, бројки, поврзувања, дополнувања, цртање и секако, лепење лепенки. Со лепенките дечињата имаат можност да ја заокружат приказната на секоја страница.
Цртежите се впечатливи, елементите се лесно воочливи, просторот за лепење доволно голем за детето само да донесе одлука што ќе залепи на соодветната страница. Изборот на лепенки е толку голем што нивната бројка достигнува 1000.
Секое дете ќе си го пронајде својот интерес: бајки, витези, плодови, вселена, џунгла, животни, спортови, шумски свет, диносауруси...и згора на ова, кога ќе има на располагање 1000 лепенки, може креативниот порив на детето да исплива на површина.
Затоа, побарајте ги овие сликовници во сите книжарници на Просветно дело и исполнете си го времето креирајќи и лепејќи лепенки!