Ова издание „Книга за девојките и нивните момчиња“ претставува Прирачник за девојките и за нивните момчиња е сеопфатен водич за младите девојки и момчиња кои се на прагот на сексуалниот живот. На недоволно информираните тинејџери овој водич ќе им помогне да ги осознаат неопходностите за користење на контрацепциските средства, евентуалната бременост и сексуално преносливите заболувања.
Се надеваме дека овој прирачник ќе ги поттикне девојките и мочињата да почнат да размислуваат на сопственото здравје, да се заштитат од полово преносливите болести, а пред се`, ќе влијае на намалување на малолетничките несакани бремености и абортуси.