МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ – Битка за едно или две општества / Албанско издание
Петар Атанасов
Оваа книга претставува битка за идеалот на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури.
Како што во светот не постојат две исти семејства, вели Атанасов, така секое општество е посебна приказна со својата историја и сегашност. Имајќи ги мултиетничките дилеми како главен фокус во оваа книга, авторот се стреми кон пронаоѓање на вистинскиот пат, не за ублажување, туку за трајно решение на постојаните етнички проблеми во општеството кои долго време создаваат чувство на небезбедност и тензии меѓу неговите граѓани.
Потребни се добар план и упорни градители, заклучува Атанасов.