Сѐ започнува во детството на Грејс кога волци ја одвлекоа во шумата. Додека тие го душкаа нејзиното тело, еден од нив стоеше настрана. Кога тој се доближи до неа, сите се повлекоа, а сѐ што таа запомна беа неговите жолти очи кои мислеше дека никогаш веќе нема да ги види.
Но, Грејс повторно ги среќава тие жолти очи, но сега му припаѓаат на Сем. Тој е врколак и таа му е последна година во која може да се претвори во човек. Меѓу него и Грејс се раѓа љубов поради која тој е спремен на сѐ, само да остане човек. А зимата е блиску и температурите се идеални за претворање во волк.
Дали нивната љубов е доволно силна за да се изборат против проклетството?