Ова литературно дело на најсликовит начин ја опишува состојбата на нашиот народ за време на турското ропство. Испреплетувајќи повеќе мотиви, Стале Попов успеал да ги долови можните случувања во тој период.
Калеш Анѓа - лик на девојка која е родена како македонка, која го цени своето потекло и никогаш не би се откажала од својата вера. Таа поседува моминска храброст и се потпира на својата чест.
Изданието е изборна лектира за осмо одделение.