Поезијата на Ана Бунтеска не го остава рамнодушен оној што ја чита, и кога се чита некако допира. Допира до душата, до срцето, онака ненаметливо, спонтано, природно, зашто таа е вљубена во моќта на зборовите.
Песните нејзини почна да ги објавува на социјалните мрежи и ја разбранува јавноста, а како, само оваа нејзина изјава ќе ја напишеме:
чоек тежи токму онолку колку што зборот му тежи
за да стои зад него
за гордо пред него да застани
и право во очи да те гледа
е сега вие откријте што сака Бунтеска да каже преку својата поезија!