Првиот тин‐роман на Ана Бунтеска, „Девојчиња и момчиња“, во издание на Просветно дело, е посветен на сите тинејџери и на оние кои се чувствуваат така. Влезете во убавата приказна за другарството и љубовта. Патувајќи со Нина и Јован и нивните другари, ќе се пронајдете во нивните доживувања кои изобилуваат со емоции и хумор. „Девојчиња и момчиња“ не се пропушта, зашто едноставно – кој пропушта добра забава и смеа!?