Чорбаџи Теодос е комедија, којашто се смета за врвно уметничко дело на македонскиот драмскиот писател Васил Иљоски, Делото претставува комедија на интрига инспирирана од анегдотата за присилното кумство. Писателот своите тенденции ги насочува кон тоа на читателот односно гледачот да му ја прикаже забранетата љубов на двајцата млади, како и да го исмее надуениот чорбаџиски свет.
Оваа комедија е воведена како изборна лектира на учениците во деветто одделение.