Роман кој ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен со моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија.
Главна тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста. Волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за поседување моќ.
Изданието е лектира за прва година средно образование.