Збирката на Обрадовиќ содржи голем број класични басни , како :„Застреланиот орел”, „Елен”, „Лавот и човекот”, „ Детето и среќата”, „ Старецот и златото”, итн.
Прашањето за изворите на басните на Доситеј Обрадовиќ е сложено и ден- денес, но според некои направени споредби се смета дека басните потекнуваат од басните на Езоп. Во споредба со оригиналните Езопови басни, верзиите што ги пишувал Обрадовиќ се понаративни, побогати со детаљи, поразговорни и со попрактичи поуки. Обрадовиќ остро ги подвекувал поуките во басните и детаљно им ги објаснувал на своите читатели, со желба да ги поучи.
Изданието е лектира за втора година средно образование.