Карактеристично за прозното творештво на Чехов, неговите раскази и новели е тоа што тој не прикажува големи настани, ниту големи ликови. Фабулите се обично многу едноставни и со нив тој предизвикува впечаток, создава расположение и специфична атмосфера, па преку таа атмосфера, преку размислувањата, расположенијата, тагата или радоста, тој лкиковите целосно ги оформува и објаснува. Неговите раскази се куси, но содржајни, проткаени со хумор или блага иронија и секогаш присутна една тажна нота.
Изданието е лектира за четврта година средно образование.