„Раскази” претставува важен настан не само во книжевниот развој на Гогољ, туку и во руската книжевност.
Основната одлика на расказите на Гогољ е тоа што во нив е опишан „малиот човек”. Пред Гогољ, благородниците биле главните ликови во руската книжевност, а ако воопшто се споменувале обичните луѓе, тие биле само слуги и робови и таква им била улогата и во книжевнитре дела. Притоа, Гогољ го изразува страдањето на малиот човек во големиот град и протестира против бездушната бирократска машина. На тој начин, сликата на стварноста што ја дава Гогоњ со своите раскази е поконкретна и целосна, а Гогољ се јавува како бранител и застапник на пониските слоеви, што уште повеќе ја засилува хуманистичка црта во неговите дела.
Изданието е лектира за четврта година средно образование.