Во „Ревизор”, Гогољ на сатиричен начин ги анализира ликовите и случувањата, особено осврнувајќи се кон припадниците на државната бирократија. Во тоа време, поголемиот дел од населението живеело во сиромаштија, големиот бирократски апарат станал помногуброен и сè покорумпиран, а во провинциите царувале малограѓанството и полтронството.
Преку неговиот сатиричен пристап Гогољ ги изнесува на виделина односите во општеството поточно отуѓеноста на бирократијата од граѓанството. Ваквата бирократија, наместо да му служи на граѓанството, всушност претставува еден затворен круг на луѓе лојални на власта каде што единствен критериум за напредување наместо способноста е полтронството и семејните врски.
Изданието е лектира за четврта година средно образование.