Ова е првиот роман на американскиот писател Џ. Д. Селинџер. Доживеал огромна популарност помеѓу тинејџерската публика, бидејќи обработувал теми од бурниот младешки живот како бунт, осаменост, отуѓување, збунетост и револт спрема постојниот тек на работите.
Голем дел од литературната критика била против експлицитниот уличен жаргон кој се користел во книгата, како и против ставовите и размислувањата на Кофилд во врска со сексот. Освен тие теми, во „Игра на р’жта” се отворени низа други комплексни прашања како идентитетот, припадноста, меѓусебните врски и самотијата.
Изданието е лектира за четврта година средно образование.