„Смртта на Иван Илич” е повест од рускиот писател Лав Толстој. Книжевната критика ја смета оваа повест за едно од ремек-делата на Толстоевата проза.
Дејството во новелата се одвива ретроспективно, започнувајќи со погребалната церемонија на 45-годишниот судски советник од царска Русија. Потоа следи приказ на животот на Иван Илич, кој навидум имал успешен живот, но со повредата на колкот самиот почнал да ја преиспитува својата наидум „ супериорна положба” во општеството.
Изданието е лектира за четврта година средно образование.