Реалистичните народни приказни се најбројни во ризницата на раскажувачката народна проза кај сите балкански и прибалкански народи.
Своите мотиви и ликови овие приказни ги црпат од секојдневниот живот, а во основа на својата содржина имаат некој вистинит или можен настан од општествената стварност .Реалистичните народни приказни опфатиле и обработиле многу случки и настани од општествениот живот и раскажуваат за најразличните односи на луѓето во нивното секојдневие.