Во романот „Еднорогиот елен” се ракажува за детството на Фатмир.
Напуштен од неговиот татко, неприфатен од неговиот очув, алкохоличар тој го напушта својот дом и мајка си. Во почетокот престојува во подрумот на една зграда- повреден од страна на дружината ”Гири” кои го тероризираат маалото. Набрзо откриен од станарка на зградата бил принуден да го напушти подрумот и другарите што ги запознава од дружината ”Џери”. Писмено ги известува другарите од дружината дека моментално живее надвор од градот во една воденица близу реката, во која му помага на воденичарот во работата, а тој му дава јадење и место за спиење.