Жан Мола
Потресна приказна за 16-годишната Ема Лашенал болна од булимија. Борбата на Ема со вишокот килограми, од обид да му се допадне на своето момче, станува борба со мрачното минато на своите предци. Зборовите што ќе ги изговори нејзината баба во предсмртната агонија, ќе ја прогонуваат Ема сѐ додека не ја открие шокантната вистина...
Мола уште еднаш на дневен ред ги става нацистичките ѕверства во логорите на смртта, корените на антисемитизмот и прашањето за границите на човечката нехуманост.