На анонимниот конкурс за наградата „Григор Прличев 2009“, победи поетот Михаил Ренџов за поемата „Предвесница“. Поемата има 912 стихoви, колку што има и поемата „Сердарот“ на Прличев. Тематската определба на поемата според жирито кореспондира со архаичните митски слики од традицијата на епското создавање.