Во романот „Киндер квачка“, Киро Донев остварил извонредна симбиоза на реалистичните со чудесните и фантастичните елементи. Делото се одвива во реалистичен контекст, при што во сонот на детето Илчо дошла до израз неговата желба да се оддалечи од урбаниот амбиент, исполнет со секојдневни вербални дуели со родителите и сестричката и, со слободната игра на фантазијата, да се приближи кон природата, слободата и детската игра.