Првата година на детето
Поентата на оваа книга е многу едноставна – треба да им помогне на младите мајки полесно и безгрижно да го поминат периодот од првиот плач на бебето по излегување од родилиштето, па се до првата година на детето.
Во овој наслов младите мајки ќе се запознаат со се што е потребно за исхраната на бебето, за тоа како да се обезбеди здрав емоционален развој, се за играта како важен двигател во развојот на детето.
Иако оваа книга е наменета за мајките – голем број од советите и упатствата ќе им помогнат и на татковците!