Изданието „Зборувате ли македонски? е почетен курс за македонски јазик за
странци. Целта на курсот е да ги доведе изучувачите до едно ниво на коешто тие слободно и со самодоверба ќе можат да го употребуваат македонскиот јазик во секојдневна комуникација и ги опфаќа нивоата А1, А2 и Б1. Учебникот содржи лекции, вежби, граматички објасненија, македонско-англиски речник и цеде со
материјал за слушање.
Основни карактеристики:
l комуникативен методолошки пристап, т.е. создавање ситуации блиски до реалните, кои ќе ги стимулираат изучувачите да зборуваат македонски;
l обединување на четирите јазични вештини: слушање, читање, зборување и пишување;
l јазик којшто е природен, жив и применлив;
l развивање течност и точност во изразувањето.