Додади коментар

ИМПУЛС

ИМПУЛС

70,00 ден.
49,00 ден.
Шифра на производ: 7523438

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка
Достапност во книжари
01 Online продавница
Бр.1 Скопје , Центар
Бр.2 Скопје , Центар
Бр. 3 Прилеп
Бр. 4 Скопје, Влае
Бр. 6 Струмица
Бр. 7 Скопје, Аеродром
Бр. 10 Скопје, Џевахир мол
Бр. 12 Штип
Бр. 13 Охрид
Бр. 14 Битола
Бр. 17 Струга
Бр. 19 Струмица
Бр. 20 Кичево
Бр. 21 Скопје, Сити мол
Бр. 23 Скопје, Дајмонт мол
Бр. 26 Охрид
Бр. 27 Скопје, Аеродром
Бр. 28 Скопје, Капиштец
Бр. 31 Скопје, Тафталиџе
Бр.32 Скопје, Ист Гате

Тешко е да се почне едно писмо кое треба да покрие 10-годишно отсуство. Последниот број на списанието за популаризација на физиката - ИМПУЛС број 55, дојде до рацете на учениците во 2008 година. Потоа, поради прекинот на продажбата на списанијата од ваков вид низ училиштата, ИМПУЛС влезе во децениски сон. Сон дека некогаш пак ќе се издава и печати, со цел учениците - љубители на физиката - да можат да уживаат во неговите содржини. По овој „сонлив“ период во кој се сменија и генерациите, оние кои биле ученици со последниот број на ИМПУЛС, сега се професори на новите читатели. Искрено се надеваме дека овие професори не го заборавиле ИМПУЛС и дека со љубов и задоволство ќе им го препорачаат на младите истражувачи. Во изминатата деценија се случија многу интересни настани од областа на физиката и природните науки воопшто. Разните откритија, отворањето на нови универзитети, развојот на приватни вселенски програми, електричните автомобили, мегабајтите на компјутерите преминаа во гигабајти, мобилните телефони кои се користеа за зборување сега се подобри компјутери од оние во 2008 година, камерите кои имаа 1 Mp сега имаат 20 Mp. Редакцијата на ИМПУЛС ќе им препушти на читателите да го проучат овој десетгодишен период. Новиот број на ИМПУЛС ќе започне со актуелни содржини од последниве години. Искрено се надеваме дека ИМПУЛС до вас ќе доаѓа двапати годишно, еднаш наесен и еднаш напролет. Ние ќе се трудиме ова списание да има модерен изглед, да одговара на 21. век, да има содржини кои се тековни и да бидат исполнети со новости и занимливости. Рубрики кои постоеле низ годините за проширување на знаењата, избрани задачи за решавање, патувања низ историјата на физиката ќе има и во иднина. Посебно внимание ќе се обрне на принципите за решавање задачи, со цел да се постигнат подобри резултати на натпреварите. Почитувани читатели, ве повикуваме да се вклучите во ИМПУЛС преку одговори на наградните прашања и задачи, преку сугестии и предлози за техничкиот изглед на списанието. Слободно кажете ни што ви се допаѓа, а што не. Испратете ни ваши фотографии од експерименти и сè што е поврзано со физиката, а ние на најдобрите ќе им отстапиме простор во некој нареден број на ИМПУЛС.

Издавач

Просветно Дело

Останати производи од оваа група

Во кошничка

200,00 ден.
Во кошничка

300,00 ден.
210,00 ден.
Во кошничка

1200,00 ден.
Во кошничка

90,00 ден.
Во кошничка

30,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места