ПРАВОПИСЕН ПОТСЕТНИК

Додади коментар

ПРАВОПИСЕН ПОТСЕТНИК

ПРАВОПИСЕН ПОТСЕТНИК

500,00 ден.
Шифра на производ: 7400226

Достапност:  залиха

Kоличина

Во кошничка

Овој Правописен потсетник им е наменет на сите учесници во образовниот процес во основното образование – и на учениците и на наставниците. Ова учебно помагало е замислено како извор на податоци коишто во никој случај не треба да се усвојуваат под притисок – содржините во него по својата природа не се погодни за учење напамет, без разбирање. Така, на пример, нема смисла учениците да ги меморираат сите типови сопствени именки коишто се пишуваат со почетна голема буква на секој составен дел затоа што нивниот број е огромен. Наместо тоа, тие треба да ја осознаат логиката на правописното правило коешто пропишува дека имињата на живите суштества и на географските поими се пишуваат со почетна голема буква кај сите нивни составни делови затоа што кај сите нив имињата се пишуваат по углед на името и презимето кај човекот. Правописниот потсетник структурно не го следи Правописот на македонскиот јазик имајќи ја предвид возраста на учениците на коишто им е наменет. Намерно се поаѓа од зборовните групи и во нивни рамки се разгледуваат правописните правила коишто во Правописот им се надредени на зборовните групи. На тој начин изложувањето на материјалот во овој Потсетник е помалку апстрактно, односно корисникот може полесно да го најде оној правописен податок што му е потребен. Издавачот и авторот на ова учебно помагало искрено се надеваат дека тоа ќе им биде корисно на учениците од основното образование и на нивните професори.

Останати производи од оваа група

Во кошничка

1300,00 ден.
Во кошничка

400,00 ден.
Во кошничка

80,00 ден.
Во кошничка

1500,00 ден.
Во кошничка

756,00 ден.

Прегледани производи

logofooter
  • „Димитрие Чуповски“, бр. 15, Поштенски фах 6, 1000 Скопје
  • Тел. + 389 (0) 2 3117 255;
    Факс. + (0) 2 3220 373
  • Комерција: goran.dukoski@yahoo.com

Продажни места