ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ
Маја Стојковска
Романот „Забранет влез“ на Маја Стојановска композициски наликува на испрекинати слики низ кои се поврзуваат минатото, сегашноста и иднината. Во основата на сижејната линија се наоѓа приказна за растењето на две преубави матурантки со симболични имиња: Евангелија и Теодора (Теа). Тие се другарки и се сакаат, имаат многу заеднички сфаќања за животот. Но, меѓу нив има и разлики во таквите сфаќања и тие произлегуваат од нивните семејни средини кои се оформувале низ различни мирогледи.
Мек повез
194 стр.
Формат: 14 х 20