МАЛКУ СТРАШНА ПРИКАЗНА
Виолета Ѓуровска
Малку страшна приказна доаѓа со „Упатство за употреба“ во кое се вели: „Не почнувајте да ја читате оваа книга ако не сте доволно големи, ниту ако не сте доволно дете.“
Преку ова „упатство“ читателите доаѓаат до сознание дека книгата е наменета за сите, барем за сите кои во себе го негуваат детето. Детето кое секој од нас треба да го чува и негува за да можеме во континуитет да се развиваме во квалитетни и вистински личности.
Мек повез
44 стр.
Формат: 14 х 20