Во октомври 1843 год. кај Дикенс се родила идејата да напише приказна која нема само да го слави Божиќ туку и ќе им укаже на луѓето за очајните потреби на сиромашните во Англија од тоа време...
... и така настанала Божиќна приказна, веројатно најпознатото дело кое Чарлс Дикенс го напишал.
Преку главниот лик Скруџ („Јас не му се радувам на Божиќ и не можам да си дозволам себеси да израдувам безработни луѓе.“) Дикенс ни ја дава една од своите највпечатливи гротески, во приказна која е совршен спој на смешното и страшното и која останува трајно врежана во сеќавањата на сите кои ја прочитале, па секој Божиќ одново и одново им ги опседнува мислите.
Божиќна приказна опоменува и подучува дека духот на добрината и на Божиќ треба да се одржува во текот на целата година, а не само за празниците.