Светлана Јосифоска
Тетратката за убаво пишување КРАСНОПИС ќе им овозможи на учениците да ја негуваат вештината за убаво пишување и правилно да ги пишуваат големите и малите печатни и ракописни букви (кирилица).
Со оваа тетратка сакаме да го вратиме времето на убавото пишување кога се учеше и практикуваше краснопис како посебен предмет во основните училишта, бидејќи убавиот ракопис е драгоценост.