И ете како се шверцува недозволена стока во Артемида. Не е воопшто комплицирано. Ви треба само еден корумпиран службеник, а посебно се препорачува да го познавате од својата шеста година. Пренесувањето на стоката до Артемида... е тоа е веќе друга приказна. Подоцна повеќе за тоа.
Можев да земам повеќе пакети и да ги однесам наоколу, но овој пакет беше посебен. Отидов до мојата електрична колич¬ка и седнав зад управувачот. Не велам дека количката ми беше многу потребна – Артемида не е правена за да се движат многу возила по неа – но така бев побрза и можев да направам повеќе доставки. Бидејќи ме плаќаат по извршена испорака, таквата инвестиција се исплатува. Мојата количка е тешка за управува¬ње, но е добра за пренесување тешки пакети.